Фудбалскиот сојуз на Кипар најави остри казни за местењето натпревари

Фудбалскиот сојуз на Кипир во вторникот најави остри казни за клубовите и играчите кои ќе учествуваат во местењето натпревари, откако УЕФА го посочи кипарскиот шампионат како еден од најсериозните прекршувачи на правила, пренесуваат светските агенции.

Фудбалскиот сојуз навел дека казната за првиот прекршок ќе изнесува 50 илјади евра, а за другите направени прекршоци ќе бидат одземени шест бодови и казна од 50 илјади евра. Третиот прекршок ќе значи исфрлување од лигата и замрзнување на сите средства, а клубовите кои четврти пат ќе направат таков прекршок ќе бидат суспендирани на пет години и казнети со 100 илјади евра.

Кипарскиот министер за правда, Јонас Николау изјавил дека проблемот со местењето на натпревари ќе биде решен кога властите од праксата на воспоставување на казна ќе приминат и на дела.