Самјуел Ето има слични проблеми со кои се соочија Лео Меси и Нејмар, откако шпанското обвинителство побара казна затвор во времетраење од 10 години поради неплаќање на данок.
Шпанските даночници откриле дека Камерунецот, во периодот кога настапувал во Барселона (2006-2009) затаил данок во износ од 3,5 милиони евра.
Ето е еден од првите фудбалери кој се соочи со шпанските правосудни органи поради неплаќање на данок, потоа започна серија на судења на познати фудбалери, а на обинителната клупа меѓудругите се најдоа Меси, Алексис Санчез и Нејмар.
Обвинителот за Ето побарал десетгодишна затворска казна, а доколку биде прогласен за виновен, Камерунецот ќе треба да плати и парична казна во износ од 14 милиони евра.
Ето во моментов настапува во турското првенство во дресот на Анталија.