Драма во Истанбул, Фенер го победи Реал, Антиќ не играше

Фенербахче го победи Реал 78:77 во евролигашкото дерби. Македонскиот интернационалец Перо Антиќ не беше во ростерот на турскиот шампион.

Драматичен, неизвесен и квалитетeн меч, кој го обележа лошото судење одиграа Фенер и Реал во Истанбул. На крајот пресудија две големи грешки на играчите од Мадрид.

Најпрвин Редолв на влезот во последната минута кога неговиот тим имаше поен предност и напад неразбирливо доби техничка грешка, а потоа Керол кога Реал го имаше последниот напад при резултат 77:77, по промашувањето на Љуљ направи наивна лична грешка иако неговиот тим беше во бонусот.

Нанали на 1,7 секунди реализираше едно од двете слободни за победа на Фенербахче.

Токуму Нанали го предводеше Фенер со 18 поени, Јудо оствари дабл дабл од 14 поени и 10 скокови, а по 11 кошеви постигнаа Слукас и Весели.

Кај Реал се истакна Рендолф со 16 поени, 13 од нив Американецот постигна во последната четвртина.