Червар го отпиша и Никола Митрески

Македонскиот селектор Лино Червар го скрати списокот на ракометари со кои ќе ги започне подготовките за Светското првенство во Франција. Од првичниот список селекторот отпиша уште четворица играчи.

Голманот Никола Митревски, потоа Давор Палевски, Никола Костески и Горан Крстевски се играчите кои Червар ги избриша од првиот список и тие сигурно нема да патуваат во Франција.

Изненадување е изоставувањето на Митревски, која ја доживеа судбината на Борко Ристовски чие име не се најде уште на првиот список.

Репрезентативците првата фаза на подготовките ќе ја спроведат во Маврово, каде ќе заминат на 20. декември.