Бешикташ се врати по 0:3, Атлетико максимален, два гола на Меси

ПСЖ избори реми во Лондон, Атлетико го обезбеди првот место во Д групата, Бешикташ во луда звршница спаси бод против Бенфика, додека Наполи ја пропушти шансата да обезбеди пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите.

ПСЖ е во подобра позиција од Арсенал во борба за првото место во А групата, откако во меѓусебниот дуел во Лондон одиграа 2:2. Двата тима имаат по 11 бодови, но во случај да завршат со ист број на бодови ПСЖ ќе биде прв во групата.

Кавани го отвори резултатот на „Емирејтс“, израмни Жиру од пенал, потоа Верати постигна авто гол за водство на Арсенал, а конечните 2:2 ги постави Лукас Моура.

Во вториот меч Лудогорец и Базел одиграа 0:0. Во последното коло ПСЖ ќе го пречека Лудогорец, а Арсенал ќе му гостува на Базел.

Во Б групата Наполи не успеа да го скрши отпорт на отпишаниот Динамо Киев. Натпреварот заврши без голови, а Наполитанците ја испуштија можноста во пресрет на последното коло да обезбедат осминафинале.

Во вториот меч Бешикташ успеа да се врати против Бенфика по негативата од 0:3. Бенфика во Истанбул по половина час имаше предност од три гола, откако мрежата на Бешикташ ја погодија Гуедес, Мелсињо и Фејса. Во вториот дел Тосун намали на 1:3, а во периодот од 83. до 89.минута Кварежма од пенал и Абубакар обезбедија бод за турскиот шампион.

Наполи и Бенфика имаат по осум, а Бешикташ седум бодови во рпесрет на последното коло, во кое Наполи ќе гостува кај Бенфика, а Динамо Киев ќе го пречека Бешикташ.

Во Ц групата Барселона го обезбеди првото место со триумфот над Селтик 2:0 и ремито на Манчестер Сити во Менхенгладбах 1:1.

Барселона во Глазгов го совлада Селтик со двата гола на Лео Меси, првиот по асистенцијата на Нејмар, а вториот од пенал.

Сити не успеа да слави во Менхенгладбах. Домаќинот избори реми 1:1. Рафаел постигна гол за Борусија, а израмни Давид Силва.

Атлетико, во Д групата, го искористи поразот на Баерн во Ростов и со рутинска победа над ПСВ го осигура првото место во групата. Гамерио и Гризман беа стрелц за Атлетико пртов ПСВ. Тимот на Симеоне ја запиша петтата победа и е единствен со максимален учинок во Лигата на шампионите. Во последното коло Атлетико ќе гостува кај Баерн, но овој дуел ќе биде чиста формалност бидејќи Баерн нема шанси да го достигне ривалит на врвот.

Последното коло и дуелот помеѓу ПСВ и Ростов ќе го реши прашањето за третото место во групата, односно која од екипите ќе продолжи во Лига Европа.