Алонсо: Не одам никаде, сакам титула со Мекларен

Возачот на Мекларен Фернандо Алонсо ги отфрлил шпекулациите за траснфер во Мерцедес. Поранешниот двоен светски првак е желба на челниците на Мерцедес, откако Нико Розберг по освојувањето на титулата реши да ја заврши кариерата.

„Верувам во овој проект, на кој целосно му се посветитв. Сакам да станам светски првак со Мекларен Хонда. Тое е мојата единствена цел“, рекол Алонсо.

Двократниот светски првак во Формула 1 (2005, 2006) со Рено, минатата сезона ја заврши на десеттата позиција кај возачите со 54 бодови. Најдобар пласмам на Алонсо изминатата сезона му беше петтата позиција.

Наредната сезона, по повлекувањето на Џенсон Батон, тимски колега на Алонсо ќе му биде 24-годишниот Белгиец Стофел Вандом.