ПСЖ демантира дека на Шапикоенсе му донирал 40 млн евра

Авионската трагедија во која загинаа 18 играчи и тренерот на бразилскиот фудбалски клуб Шапикоенсе и 20 новинари, го обедини спортскиот свет.

Понесени од трагедијата медиумите буквално се тркаа кој ќе објави или прв ќе пренесе информации или порака од социјалните мрежи.

Оваа трагедија уште еднаш покажа дека живееме во ера на пост-вистински вести. Колку информацијата да не е вистината, доколку таа на порталите и социјалните мрежи има половина милион прегледи ќе стане вистина.

Во вторникот беше објавено дека францускиот шампион ПСЖ на бразилскиот тим кој остана без фудбалери решил да му донира 40 милиони евра.

Информацијата беше објавена на Twitter, а угледниот франциски весник Le Parisien, се обиде да ја утврди веродостојноста на оваа информација.

Во клубот добиле одговор дека таквата информациија е измислица, односно дека ПСЖ не донирал никакви пари.