ЗНМ со осуда на морбидната закана по живот на новинарот Борјан Јованоски

Здружението на новинарите на Македонија најостро ја осудува морбидната закана по живот на новинарот Борјан Јованоски и неговото семејство. Испраќањето на венец со порака последен поздрав во домот на новинарот Јованоски е кукавички чин вперен против сите новинари во Македонија, се вели во соопштението од ЗНМ.

„Силно се солидаризираме со Јовановски, а на испраќачите на ваквите закани им порачуваме дека новинарите во Македонија со вакви застрашувачки пораки нема да се одвратат од нивната мисија да ја информираат јавноста за реалноста во Македонија“, пишува во соопштението.

Од ЗНМ ги повикуваат сите надлежни институции за расветлување на овој случај,.

ЗНМ смета дека овој инцидент е последица на ширењето на говорот на омраза во медиумите поттикната од однесувањето на политичките партии во Македонија.

„Ја потсетуваме јавноста дека досега ниеден од инцидентите каде новинарите се мета на насилство, попречување на нивната работа, вербални закани, говор на омраза и притисоци нема судска разрешница. Со ваквиот неодговорен однос на институциите се поттикнуваат насилниците да продолжат да се закануваат на новинарите“, се вели во соопштението.