Мирниот протест пред зградата на Владата, заврши мирно, а учесниците порачаа дека се случува „Четвртиот Илинден“.
„Македонија има три Илиндени, 1903, 1944 и 1991 година. Дојде време да го обзнаниме Четвртиот Илинден. Во сите три претходни, Македонците јасно и недвосмислено ја искажаа почитта кон сите оние кои живеат под ова небо. Дојде ред и на нас да ја покажеме таа взаемна почит. Ние, современиците на овој миг имаме должност да ги споиме тие вредности од минатото за доблесно, сите заедно, да се насочиме кон иднината. Ниту еден патриот не е против националните права, култура и традиционални вредности на својот сограѓанин“, порачаа учесниците во протестот.
Маршот кој почна од пред Владата, преку канцеларијата на претседателот, заврши пред Собранието, а протестантите најавуваат дека ќе се собираат секое попладне од 17 часот.