ЗАПОЧНА НОВАТА ГРАДЕЖНА СЕЗОНА‏

Градежната сезона за 2015 година во Општина Битола започна со втората фаза од реконструкцијата на улицата Довлеџик. Во првата фаза од проектот беше изграден кружниот тек, беше реконструиран дел од улицата Довлеџик, а беа поставени и подземни инсталации.

,, Оваа градежна сезона, продолжуваме со реконструкција на оваа улица, онолку колку што ни дозволуваат правните и законските рамки, затоа што проектот кој што треба да го дозавршиме до мостот има проблем со експропријација. Сега одиме со интервенција на 100 метри, а во следна фаза ќе завршиме уште 180 метри. Имаме многу проекти на кои ќе им се посветиме оваа градежна сезона, а во нив се и руралните средини каде планираме во повеќе села да ја подобриме патната инфраструктура, а се разбира и онаму каде што ќе има потреба и од интервенција на водоводна и канализациона мрежа ’’, соопшти градоначалникот Владимир Талески.

 

Директорот на КЈП ,, Нискоградба ’’ – Битола го изрази своето задоволство за тоа што тие ќе ја извршуваат целосната реконструкција на улицата Довлеџик.