Од последиците на загадениот воздух во македонија годишно умираат од 1000 до 1200 луѓе, заради што Македонија е петта во Европа по стапка на смртност од загаденоста на воздухот преку ПМ10 честичките.
Ова во четврток го истакна експертите, кои учествува на првата научна конференција организирана преку проектот “City Tree”, спроведуван од Еко-свест а финансиски поддржан од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Македонија.
„Кога е највисока аерозагаденоста и кога се ниски температурите тогаш доаѓа и врвот на бројот на смртни случаи кај постарите или хронично болните. Мерките за намалување на загаденоста се интра-секторски. Урбанистичкото планирање треба да биде такво да еколошкиот елемент биде важен, што кај нас не е така. Над 90 отсто од возилата во Македонија, во Европа не би ги прифатиле бидејќи користат еколошки необработливо гориво. Потребно е да се внимава и на начинот на кој се греат луѓето во зима. Треба синхронизирана акција“, вели Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје.
Според професорот Трајче Стафилов од Институтот за хемија на Природно – математичкиот факултет, најголеми извори на загадување се индустријата, а особено согорувањето на горивата.
„Најголемиот удел е од согорувањата во домаќинствата и индустриските објекти. Можните решенија треба да бидат долгорочни од градските органи на ниво на држава како и Владата, за да се намали ваквата состојба“, вели Стафилов.
Инаку пред Македонија, земји со поголемо загадување на воздухот се Бугарија, Србија, Црна Гора, Романија и Унгарија.