Заев-Пломп: Реформска Влада за граѓаните и Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во средата се сретна со холандскиот амбасадор Вилем Воутер Пломп, со кого разговараа околу резултатите од изборите кои беа одржани на 11-ти декември.

„Мнозинството граѓани во Македонија, над 600 илјади луѓе избраа промени, промените веќе се случија и никој не може да ги запре“, рекол Заев на средбата, при што била нагласена одговорната и принципиелна поставеност на СДСМ на провокациите што и се најмалку потребни на Македонија.

„Македонија ќе добие Влада на сите граѓани на Македонија посветена на нивните потреби, како и на потребните реформи за независно судство, медиуми, институции кои работат во служба на граѓаните. Граѓаните се одлучија за Влада што отвора перспективи и тоа е следниот чекор во започнатите демократските процеси во државата“, порачал Заев.