По повод Денот на примирјето од Првата светска војна (Commémoration du 11 novembre 1918) и Денот на народна жалост (Volkstrauertag), амбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија заедно ќе го одбележат споменот за сите мртви, ранети, исчезнати и раселени лица, за жртвите на насилство и ранети лица од сите војни и сите народи.
В сабота, 11 ноември, ќе се одржат комеморации на Француските воени гробишта во Битола во 12 и во 14 часот на Германските воени гробишта во Прилеп.
Во присуство на претставници на државните и локални власти, како и на дипломатскиот кор и на здруженијата, амбасадорот на Сојузна Република Германија ќе го држи својот говор на француските воени гробишта во Битола, а амбасадорот на Република Франција ќе им се обрати на присутните на германските воени гробишта во Прилеп во знак на помирувањето помеѓу двете држави и како уште еден доказ за француско-германското пријателство.