Со какво лице Васко Ковачевски зборува за криминал кога самиот е послушник на аболициран обвинет за криминал каков што е лицето З.З
Со какво лице Васко Ковачевски влегува во Судот и Обвинителството кога врхушката на СДСМ, сите свои капацитети ги мобилизираше во гнасно дискредитирањеи девалвирање на судиите и обвинителите кои чесно си ја вршат својата работа.
Со какво лице Васко Ковачевски ги повикува утре да излезат на улица, битолчани кои останаа без работа и без пари во срамната приватизација и аферата ТАТ –најголемите и најуспешни проекти на СДСМ .
Васко Ковачевски денес призна дека единствениот, како што самиот го нарече, „проект“ на СДСМ во изминатите десет години е безобразното пуштање незаконски снимени и креирани телефонски разговори со кои се нарушуваприватноста , се уриваат инстистуциите на државата и се оддаваат државни тајни.
Народот се чуди, како не им е срам што во пресрет на најсветлиот христијански празник за време на страсната седмица, продолжуваат да се занимаваат со валканици, со ширење гнев, омраза и поделби меѓу своите сограѓани.
Кога лицето З.З. го узурпираше зборот „вистина“при објавувањето на првата „бомба“ лицемерно рече – радувајте се.
Денес е голем празник – Благовештение, кога навистина ни прилега, да се радуваме, ама на добрите, благи вести за проектите за градење, за развој, за вработување.
Проектите на ВМРО-ДПМНЕ и покрај сето плукање и омаловажување, сепак се посилни и порадосни од сите влаканци што оркестрирано ги сервираат СДСМ и непријателите на македонскиот народ и држава.
И затоа почитувани битолчани, да ги оставиме оние за кои ништо не е свето да тонат во сопствената мизерија, а ние заедно вистински, денес да се радуваме.