ОК ВМРО-ДПМНЕ БИТОЛА СО ОСУДА НА НАПАДОТ НА МУЗЕЈОТ НА АЛБАНСКАТА АЗБУКА

ВМРО-ДПМНЕ јавно го осудува чинот на насилство врз Музејот на албанската азбука во Битола и бара од институциите на системот да постапат според законите и санкција за сторителите. Никој во Македонија нема да биде заложник на мрачни сценарија, поделби и заплашувања кои имаат само една и единствена цел-доаѓање на власт на Зоран Заев и реализација на платформата креирана во туѓи држави за туѓи интереси. Тоа, нема да им го дозволиме.

Повеќе од очигледно е дека синоќешниот чин беше само уште еден очајнички обид да се внесе страв и немир кај граѓаните и нивно дефокусирање од политиките кои заговараат поделби, промени на Устав, разнебитувања и федерализации.

Почитувани сограѓани,

Вистинската македонска платформа е потпишана уште во времето пред Илинденското Востание. Таа ги штити интересите на Република Македонија, нејзиниот идентитет, историја, јазик и унитарност како национална држава на Македонскиот народ и националните малцинства кои живеат во неа и ја сакаат за своја татковина. Така било, така и ќе остане.