ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов сака да го испере срамот од неговиот шеф Заев

Повторно го повикуваме Јавното обвинителство  да откријат од каде се снимките на кои Заев признава соработка со тајна странска служба,  дали смее да се објавуваат вакви снимки, кој го сторил тоа и дали е од законски издадени ПИМ мерки или не е, и за што станува збор, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев сам призна дека соработувал со странска тајна служба. Зоран Заев сам кажал дека се заканувал и го уценувал државниот врв во Република Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на пресот на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, кој рече дека токму Јавното обвинителство потврдило дека постои кривично дело во кое е инволвиран премиерот Никола Груевски.

Според партијата на власт, Шилегов на трагичен и крајно неинтелегентен начин се обидува да го испере од срамот неговиот партиски шеф Зоран Заев за скандалозната соработка со странска служба.