ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да останат смирени по инцидентот во Гошинце

vmro

Владејачката партија  ВМРО-ДПМНЕ најостро го осуи терористичкиот настан во селото Гошинце.

„Повикуваме институциите одлучно и решително да постапат за расчистување на овој случај, и да ја обезбедат законитоста, сигурноста и стабилноста по сите основи.

Граѓаните на Република Македонија треба да останат смирени и да не дозволат реализација на сценарија чија цел е дестабилизација на земјата и загрозување на редот и поредокот“, се вели во реакцијата.

Од таму сметаат дека сите политички чинители, поединци и партии треба одговорно да се постават во овие моменти, да се воздржат од манипулации и да не подгреваат тензии кои се единствено во теснопартиски и лични интереси.

„Република Македонија ќе ги надмине сите предизвици и ќе продолжи со својот напредок кој е од интерес за граѓаните“, додаваат во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ./крај/со/мф

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.