Убиство во Прилеп Внук си ја убил бабата

СВР Битола до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против М.М. (30) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство“.

Пријавениот на 13.04.2017 година околу 23:00 часот во семејниот дом на ул. „Борка Медарот“ во Прилеп, се качил на вториот спрат од куќата, влегол во спалната соба во која спиела неговата баба Ката М.(79) и со хирушки ракавици на рацете, со перница се обидел да ја задуши, ставајќи и ја перницата преку главата. Во тој момент Ката се разбудила и почнала да дава отпор и за момент успеала да се отргне од својот внук. Тогаш пријавениот извадил метален боксирач и ја удрил неколку пати во пределот на главата. По неколкуте удари Ката не покажувала знаци на живот, по што пријавениот ја покрил со јорган преку глава и слегол во долниот дел од куќата. По еден час од настанот М.М. сам се јавил во ПС Прилеп и го пријавил истиот.

Од страна на ОКТУПА при ПС Прилеп извршен бил увид, известен бил ЈО кој бил присутен на местото на настанот.Од страна на истиот наредена е обдукција.

Пријавениот заедно со кривичната пријава е предаден на Судија за претходна постапка.