Советот на општина Новаци денеска ја одржа 3 тата седница на која на дневен ред се најдоа околу триесеттина точки.
По усвојувањето на записникот од претходната седница се започна со разгледување на останатите точки и тоа се увои предлог буџетот , предлог-одлуката за извршување на буџетот на општина Новаци и буџетскиот календар за 2018 година.
Исто така советниците го разгледаа и усвоија и предлог-развојниот план за комунални дејности на територијата на на општина Новаци за период 2018-2020, одобрени беа средства за одбележување на Новата 2018 година, бoжиќните празници и богојавление-Водици 2018 година.
Советот ја донесе и програмата зa зимско одржување на проодноста на општинските патишта и улици на територијата на општина Новаци за сезоната 2017/2018 година, програмата за одржување на јавната чистота на територијата на општина Новаци за 2018 година и предлог програма за работата на Советот на Општина Новаци за 2018 година.
Советниците го разгледаа и го одобрија барањето на Ф.К Новаци 2011-Новаци за одобрување на средства за натпреварување во сезона 2017/2018-Есенски дел, донесоа одлука за одобрување на средства за исплата на дневници на ракувачот на ровокопачот, одлука за утврдување на приоритет на проект(Основен проект за реконструкција на линиска инфраструктурна градба-Градба- реконструкција на тротоари во населено место Добромири, општина Новаци, одлука за давање Согласност за намената на инвестиција(Основен проект за реконструкција на линиска инфраструктурна градба-Градба- реконструкција на тротоари во населено место Добромири, општина Новаци, одлука за сопствено учество на Општина Новаци при аплицирање со проект(Основен проект за реконструкција на линиска инфраструктурна градба-Градба- реконструкција на тротоари во населено место Добромири, општина Новаци, одлуказа утврдување на приоритет на проект (Основен проект за реконструкција на линиска инфраструктурна градба-Градба- реконструкција на тротоари во населено место Рибарци, општина Новаци, одлука за давање Согласност за намената на инвестицијата (Основен проект за реконструкција на линиска инфраструктурна градба-Градба- реконструкција на тротоари во населено место Рибарци, општина Новаци, одлука за сопствено учество на Општина Новаци при аплицирање со проект(Основен проект за реконструкција на линиска инфраструктурна градба-Градба- реконструкција на тротоари во населено место Рибарци, општина Новаци) и предлог планирани ендогодишни капитални инвестиции за 2018 година во општина Новаци.
На денешната седница се разгледаа и се донесоа неколку предлог одлуки за вклопување на бесправно изградени објект во идна урбанистичко-планска документација и тоа за Црквата ,,Свети Никола-Талалеј“ во с.Добромири КП 457 КО , манастирот ,,Свети Архангел Михаил,, с Тепавци КП 184 КО Тепавци, црквата Св.Богородица с.Тепавци КП 218 КО Тепавци, црквата св. Илија с.Градешница КП 760 КО Градешница, црквата Св.Димитрија с.Груниште КП 213 КО Груниште, помошен објект и камбанарија на КП 620 КО Мегленци, помошен објект и камбанарија на КП 817 КО во Долно Орехово.Исто така беше донесена и одлука за промена на траса на собраќајната инфраструктура по поднесено барање физички лица.
Денешната седница имаше и неколку други барања по различни основи како дополнување на денешниот дневен ред и тоа: Купување на книгата ,, Македонистика во светската славистика,, од професор д-р Вера Стојчевска Антиќ, барање за финансиски средства од спортски Клуб ,, ЕКСПОУЗ,, Битола за учество на Светско првенство за латино и синхроно танци во Атина-Грција, понуда за одигрување на новогодишна детска претстава Вреќата на дедо мраз од Фото студио Пинк Битола, и барање од жителите од МЗ.с.Далбеговци за градежни матерјали-бетонски , ПВЦ цевки и тампон.