Утринските температури ќе се движат од -12 до -6, додека дневните ќе бидат во интервал од 5 до 13 степени.
Во наредните денoви под влијание на поле на висок воздушен притисок и стабилна воздушна маса ќе се задржи стабилно и суво, односно претежно сончево време. Утрата ќе бидат ведри и студени, а по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб, а кон средината на неделата и умерен ветер, претежно од северен правец. На повисоките места и на планините ќе биде нешто потопло во однос на котлините.