Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и планините.
Утринските температури ќе се движат од -10 до -2 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 5 до 10 степени.
Во наредните денoви под влијание на поле на висок воздушен притисок и стабилна воздушна маса времето и понатаму ќе биде стабилно и суво. Температурата ќе биде во благ пораст, а зголемување на облачноста ќе има од недела. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и планините. Од средината на наредната недела се очекува засилен северен ветер и опаѓање на температурата.