Словачки гости го развиваат алтернативниот туризам во Мариово

 

Дваесетчлена делегација од градот Мартин од Словачка , вљубеници во off road авантурите денеска со осум џипови ја посетија општина Новаци, остварија средба со градоначалникот Лазар Kотевски и својата авантура ја продолжуваат низ Мариво.

„Ние постојано работиме во насока на развивање на алтернативниот туризам па многу ние драго што имаме ваква странска делегација која разбрала за убавините на нашата општина и тргнале во авантура на нашите простори. Од тука тие заминуваат за Зович каде ќе ручаат во етно куќата а доколку имаат време ќе го посетат и Кајмакчалан. “ рече Лазар Kотевски, градоначалник на општина Новаци.

Гостите од Словачка и градоначалникот Котевски си разменија пригодни подароци.

„ Нашата тура трае десет дена , гостите тргаа од градот Мартин во Словачка, се сретнавме во Нови сад, 4 дена сме нив Македонија како најубава земја од сите кои досега ги посетивме а потоа продолжуваме во Албанија, Црна Гора и назад до Словачка.  “ рече Јадранка Д. Од туристичката агенција Off4you.sk.

Терените низ Мариово веќе неколку години наназад се промовираат како доста интрересни за off road авантури. Токму затоа општина Новаци веќе неколку години е поддржувач на Џип турата низ Мариово.