Заменик министер за земјоделство,шумарство и водостопанство на РМ,Ванчо Костадиновски оствари средба со градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски при што одржаа заедничка прес конференција за актуелните состојби со земјоделството и спроведувањето на хидросистемот за наводнување на територијата на новачко поле.
„Разговаравме за тоа како се одвиваат активностите околу реализацијата на првата фаза од проширувањето и реконструкцијата на системот Стрежево преку река Црна,активност која е поддржана и финансирана од МЗШВ. Го информирав дека првата фаза од проектот е завршена, завршен е и тендерот за инсталирање на цевките за системот и во оној момент кога ќе дозволат временските услови ќе се започне со нивно монтирање.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.
Котевски уште еднаш потсети на значењето на овој систем за земјоделците од новачко поле и му се заблагодари на министерството за неговиот ангажман.
Меѓудругото се разговараше и за можноста шеќерната репка повторно да се врати во пелагониско на барање на земјоделците. Заменик министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски оствари средба со актуелното раководство на фабриката за шеќер „4 Ноември“, а во наредниот период ќе се вршат испитувања и анализи за можностите за реактивирање на производството на шеќерна репа и производство на висококвалитетен шеќер од оваа земјоделска култура која во минатото била доста застапена во Пелагонија.
Системски проблеми поврзани со активности од надворешно трговската размена, царина, увоз и извоз на шеќер се основните проблеми на кои посочиле надлежните во фабриката- информираше Костадиновски.
Производството на шеќерна репа во Пелагонија не само што ќе влијае поволно на производството на сточна храна туку таа за земјоделските производители е многу важна заради плодоредот и порентабилна од останатите култури – изјави претстедалтелот на Сојузот на земјоделци Вељо Тантаров.
Денешната посета беше искористена и за разговор за други актуелни теми од областа на земјоделството