По седми пат, „Пелистерка“ го претстави новиот календар, кој за заштитно лице за 2017 година ја има хрватската пејачка и ѕвезда Северина.
Една од најголемите балканска музичка ѕвезда Северина е новото заштитно лице на најпознатиот македонски бренд за вода „Пелистерка“.
„Пелистерка е симбол на Македонија, Јас ја имам честа да бидам една од ретките што ќе се најде на новиот календар. Работев каскадерски, ме истегнаа, ме виткаа, летав во воздух… но задоволна сум од резултатот“, рече Северина на презентацијата на новиот календар.
Од „Пелистерка“ истакнуваат дека ја избрале Северина за заштитно лице поради
нејзиниот уникатен стил и неверојатната енергија што ја поседува.
Изминатите години страниците на календарот на „Пелистерка“ ги красеа дел од најголемите ѕвезди од Македонија, како што се ракометарките на Вардар, Каролина Гочева, Елена Ристеска, Тамара, Аделина Тахири, Маријана Станојковска, Викторија Лоба.