Категорично тврдам дека нема никаква основа за етнички или каков било конфликт во Република Македонија. Информациите за она што се случило на северот на земјата, не кореспондираат со случувањата во општеството.
Ова, во изјава за бугарската агенција Бгнес, го изјави поранешниот вицепремиер и министер за здравство Имер Селмани, коментирајќи ја информацијата дека 40 вооружени лица ја заземале полициската станица во селото Гошинце.
„Вакви нешта може да се во интерес на одредени центри. Денеска сме 2015 година и нема шанси да се вратиме кон еден, за жал, не толку добро искуство од минатото. Сè треба да се решава по пат на дијалог и интеграција. На крајот на краиштата, и проблемите во 2001 година завршија со дијалог“, рече Селмани.
Според него, ова може да е дело на луѓе кои сакаат да го оттргнат вниманието на македонските граѓани од реалните проблеми кон нешто друго. /крај/мф/ст
Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.