Снимки со разговори од кои се открива можен огромен корупциски скандал во Македонија, но и во регионот, објави во средата претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во кои, според опозијата, директорот на УБК, Сашо Мијалков, за набавката на опрема за тајната полиција од Израел, бара провизија од половина милион евра.
„Во овие аудио докази не се зборува во шифри. Овде се е јасно како бел ден“, вели Заев.
Тој тврди дека од снимките се слушало како Мијалков наводно преку неговата соработничка Светлана Костовска барал половина милион евра од израелската компанија за воопшто да почнат преговорите, а целата зделка се одвивала преку Русија и Унгарија .
Според Заев, преговорите од израелска страна се одвивале преку извесен Израелец, Хаим Хакини.
„Да видиме 200-тате илјади од провизијата како да ги донесат“, вели женскиот глас на една од снимките, за кои СДСМ тврди дека е разговор меѓу директорот на УБК Сашо Мијалков и вработената во Управата, Светлана Костовска.
Во еден од разговорите машкиот глас за кој од СДСМ велат дека е на Мијалков, прашува: „Да те бираме ли за судија?“, по што женскиот глас вели: „Јас сакам да ме изберете“, на што машкиот глас одговара: „Јас средив работа“, а таа одговара дека цел живот ќе му биде должна.
„Дополнително скандалозно е што оваа личност, Светлана Костовска, и од позиција на судијка во Управниот суд, продолжува да ги врши валканите зделки за дирекотрот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијлаков, поврзани со овој коруптивен случај“, рече Заев.
Потсети на веќе емитуваните разговори, меѓу како што вели министерот за финансии Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за ребалансот на буџетот, во кои женскиот глас се жали дека не смее да крати од парите предвидени за набавка на опремата за прислушување, и на тој начин смета дека целата перација се одвива со амин на премиерот Никола Груевски.
На прес-конференцијата бе а објавени и СМС пораки, за кои Заев рече дека неколкупати најавил дека ги поседуаа исто како и аудио снимките. Беше објавен и документ за влез и излез на Израелецот, Хаим Хакини, во Македонија, за кој Заев рее дека повторно го добил од оние кои се одважиле и доставувале се повеќе материјали до целата опозиција, не само до СДСМ.
Според Заев, набавка на опрема за тајната полиција се вршела во 2008 година, а според овие разговори и во 2011 година, за која се платени 14.000.000 евра пари на народот.
„Граѓаните на Македонија, платиле безмалку 14.000.000 евра за опрема којато била набавена за да бид езлоупотребена, з аГруевски и Мијалков да влезат во животите на сите нас, за да ги контролиаат животите на граѓаните на Македонија./крај/мф/бб
Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.