СДСМ:Итни мерки за намалување на загадувањето во Битола

На последните избори  јасно, гласно го кажавте својот избор – ОДБРАВТЕ   ЖИВОТ во Битола.

Нема ништо поважно од  здравјето  на граѓаните. Секоја одговорна политика во преден план ги става граѓаните и обезбедување на квалитетен живот и здрава животна средина.

Како одговорна партија, СДСМ на следната седница  ќе побара точка на дневен ред:

Информација за енормното загадување на амбиенталниот воздух во Битола и извештај за преземените мерки на општина Битола.

Општина Битола преку одделението за урбанистичко планирање и заштита на животната средина , преку своите советници за животна средина   со овие информации треба прегледно да располагаат.

Од оваа точка треба да произлезе и заклучок  за  преземање итни краткорочни мерки заради загаденоста на воздухот.

Од друга страна, на следната седница кога ќе се носи буџетот на Општина Битола за 2017 година, СДСМ ќе предложи и долгорочни мерки во изнаоѓањето на решенија за намалување на загаденоста на воздухот во општина Битола а кои се во согласност со програмските определби на СДСМ  – За живот во Македонија.