Со прес-конференцијата, на која членот на ИО на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров објаснува зошто поднеле тужба до Управниот суд за одлуката на Државната изборна комисија да го прифатат приговорот на Беса за гласањето во едно избирачко место во Гостивар, всушност е притисок врз Уставниот суд, сметаат од СДСМ.
„Никој и ништо не може да застане на патот на започнатите демократски процеси во Македонија. Обидот на Никола Груевски преку прес конференцијата на Никола Тодоров да изврши притисок врз Управниот суд е доказ во каква паника е Груевски од промените што следуваат“, се вели во реакцијата.
Додаваат дека институциите, вклучувајќи го и Управниот суд, се должни да работат единствено во интерес на граѓаните на Република Македонија.