СДСМ повикува на воздржаност и да не се потпаѓа под режирани сценарија

sdsm

Најостро осудувајќи го инцидентот во Липковскиот регион од ноќта кон вторникот кога поголема група вооружени лица со униформи на УЧК ја заземаа караулата кај селото Гошинце, најголемата опозициска партија СДСМ ги повикува граѓаните на воздржаност и „да не подлегнуваат на какви било режирани сценарија“.

Од Социјалдемократскиот сојуз посочуваат дека „нерасветлувањето на инцидентите од безбедносен карактер за коишто информира власта последниов период отвора можност за различни шпекулации и тензии“.

„Сериозно се сомневаме во капацитетите на институциите кои се партиски испостави на власта“, велат во кусата реакција социјалдемократите./крај/мф/сн

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.