Списоци за вработување новинари во МРТВ имало кај министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, сопствениците на приватни телевизии спроведуваат нарачки од соработниците на премиерот, а Никола Груевски дури и насловни страни на весници пишувал…
Ова беше обелоденето со 24-та таканаречена `бомба` на опозицијата, од сетовите прислушувани наводни разговори, меѓу функционери на власта, новинари, уредници и сопственици на медиуми.
„По тоа што ќе го објавиме денеска ќе стане појасно зошто на МРТВ не слушнавме ни збор за заканите кон новинарот Борјан Јовановски и неговото семејство. Аудио записите ќе потврдат како се бирале новинари во МРТВ“, рече во средата лидерот на СДСМ, Зоран Заев
„Денеска го отвораме пакетот за поклопеноста на Груевски на неговите соработници. Ќе видите до каде овие сопственици на телевизии се подготвени да се свиткаат не само врз грбот на народот, туку и по цена на својата гордост. Ќе видите зошто на ‘Вистината за Македонија’ ѝ беше проклето тешко да го види светлото на денот. МРТВ мора по закон да обезбеди непристрасно и објективно известување на народот“, додаде Заев.
Во првиот сет прислушувани разговори се слуша како наводно кај Јанкулоска има `списоче` и за новинари во МТВ, не само за судии, како премиерот Никола Груевски одлучувал кој ќе биде дописник од Вашингтон и од Брисел, тврдат опозициските социјалдемократи.
Во разговорот, машкиот глас кој наводно му припаѓа на премиерот вели: „За кадровските со кој требаше да зборам. За дописнициве во Вашингтон и Атина“, а женскиот глас, наводно на Јанкулоска вели „евентуално Антонио Спасев и Борче Стамов….“
Наводно, шефот на кабинет Мартин Протуѓер, бара: „Огласот за МТВ да го поништиме … ако сакаме да го јакнеме капацитетот треба да пуштиме луѓе … или да пуштиме од комитет или да јакнеме капацитет…“, на што гласот наводно на Јанкулоска, вели „не може двете…Не можам да им кажам овој ти е малоумен, без разлика што го мислам тоа… Ние ги преполнивме институциите со луѓе што не ги бива….“, „Зошто е новинар, зошто имал желба…“, „Како бројка имаме и повеќе од што ни треба, а квалитет немаме“.
Во вториот наводен разговор меѓу истите соговорници се слуша: „Што мислиш за оној Миле Ристески? – Тоа добро чоече беше, мислам дека беше западнат во лошо друштво…“, „Да дојде кај тебе на баци рака и да влезе во МТВ“, „Јас планирав за портпарол, ама он има само средно школо и 12.000 да зема…. може во МТВ…“
Јанкулоска договара за спортски новинар, Ирена Андреевска да биде, затоа што нејзиниот сопруг бил близок со нив.
Наводно министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и Груевски, договараат радио Гостивар да го земе некој нивни, но Горан Трајковски, директорот на УЈП требало да покрене стечај.
Во дел од презентираните разговори наводно Протуѓер нарачува на телевизија да не оди анкета од „Дневник“ што не ѝ одговара на власта, затоа што била на Ѓорѓи Спасов, директорот на УБК, Сашо Мијалков одлучува кому да му даде вест, па решил да го чести Драган Павловиќ Латас, уредникот на Сител, а премиерот сам пишува насловна во „Вечер“…, толкуваше Заев.
„За тужбата денеска е актуелна, ова со Грција и оваа Богатинова го викнала Денко Малески, објаснувал, во вести…“, „Ќе го тргнеме…кој треба да го викне…“, „Некој нормален…што ја има прочитано пресудата…“, договараат наводно Протуѓер и Емил Стојменов.
Јанкулоска и Ставрески, во разговор велат дека „таа новинарката Мери што е, каква сака нека е не можеш достоинството да ѝ го нарушуваш“, а Ставрески додава „Хохштплер е го знам, требаше в затвор да оди…“, наводно за Миленко Неделковски.
Сопственикот на „Сител“, Горан Иванов, наводно лобира кај Јанакиески за повисока зграда во Тафталиџе за партијата … Директорт на УЈП Трајкоски му помага на Латас како да постапи со неговта фирма „Тотал“ со која има големи долгови, Стојменов, сопственикот на „Канал 5“ за една испорачана фактура треба да плати 400.000 денари па ургира кај Протуѓер…, се разбира од презентираните денеска прислушувани телефонски разговори.
Емил Стојменов, според содржината на снимките, откажува авион за да се сретне со премиерот, иако на крај средбата му ја одлагаат неколкупати во текот на денот.
На новинарско прашње, дали Заев се сретнал со поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвеноковски, откако тој излезе со писмо на поддршка за активностите на партијата, тој рече дека утрово пиеле кафе во партиските простории.
За инцидентот во Гошинце вели дека постојат две алтернативи, но дека која и да е од двете, одговорност треба да сносат првите луѓе на соодветните институции.
„Постојат две можни алтернативи, а тоа се да биле бандитски радикални групи и втората тоа да било исценирано од страна на власта. Притоа, одговорност мора да поднесе министерот за внатрешни, директорот на ДБК, директорот на Биро за јавна безбедност“, рече Заев, според кој, гарант на безбедноста во македонија се граѓаните од сите етнички заедници./крај/мф/бб
Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.