Искршениот штаб на СДСМ во населбата Бардовци, што се случи по невротичниот прес на Влатко Ѓорчев, само ја потврдува нервозата и паниката што владеат во ВМРО-ДПМНЕ, по дебаклот на изборите во Македонија, соопштуваат од СДСМ.
„Поразената ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека граѓаните на избори со пенкало го срушија режимот на Никола Груевски и избраа живот во Македонија… Мнозинството граѓани на Македонија гласаа за живот, за стабилност, за слобода, за промени и тие промените веќе се случуваат“, порачуваат од СДСМ.
Според нив, завршено е времето на политичари како обвинетиот за насилство Никола Груевски и криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ.