Разорниот ефект кој „Вистината за Македонија“ го има врз актуелната власт, охрабрениот и се погласен народ, масовноста и енергијата кои опозицискиот караван ги носи од град во град, ја прават власта нервозна и бескрупулозна.
Задвчера, до пепел изгоре возилото на Марјан Јовановски, наш активист, а ноќеска се случи уште еден ваков кукавички чин, запалено е уште едно возило, на активистката на СДСМ во Битола, Јасминка Кочевска.
Ако вчера поради внимателност не изразивме сомнеж дека мотивите се политички, денес тоа е јасно за целокупната јавност во Битола.
Очигледно е дека Вистината за Македонија што одекна во Битола длабоко допре до криминалите на власта и инсталациите со нејзините соработници.
Апелираме до совесните и професионални вработени во полицијата – имате законска обврска да не ги затворате очите пред фактите и да не го толерирате насилието!
До сите, нарачатели и извршители, кои безнадежно гледаат излез во ваквите инциденти, порачуваме дека никој и ништо не може да го спречи обело-денувањето на Вистината за Битола, Вистината за Охрид, бидејки денеска сме таму, Вистината за Македонија.
Никакви закани, уцени и притисоци нема да `не замолчат!
Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, нема да дозволи никој да си поигрува со чувствата и спокојот на граѓаните.
Предупредуваме дека неоткривањето и казнувањето на сторителите на овие два тешки инцидента, отвора можност за свесно движење кон ексалација, на штета на граѓаните на Република Македонија.