СДСМ, бара поништување и прегласување на осум места, приговори поднесува и БЕСА

Опозициската СДСМ до Државната изборна комисија (ДИК) во вторникот вечерта поднесе осум приговори, а новата партија БЕСА која претставуваше изненадување во албанскиот кампус, поднела приговори за втората  за шестата изборна единица.

Досега до ДИК биле поднесени 16 приговори.

Осумте приговори на СДСМ се однесуваат за текот на гласањето и за начинот на сумирање на резултатите од изборите во Изборната единица 6.

Во оваа изборна единица ВМРО-ДПМНЕ освои 16,55 отсто од гласовите или 4 мандати, а СДСМ 16,33 отсто и 3 мандата.

Претходно во вторникот на прес-конференција Зоран Заев рече дека доколку овие приговори бидат прифатени од страна на ДИК, можно е да има промена во прераспределбата на мандати, и оти во најмала мета дека двете најголеми партии од македонскиот блок се изедначени.

Од БЕСА во ДИК поднесле приговори за неправилности на неколку избирачки места во Изборната единица 2 во општините Липково и Арачиново, како и во шестата изборна единица во Тетово. Во „шестката“ БЕСА освои 15,86 отсто од гласовите и 3 мандата, додека во втората изборна единица освои 7,9 отсто од гласовите и еден пратеник. Во оваа единици, ВМРО-ДПМНЕ освои еден пратеник повеќе од СДСМ, односно девет наспроти осум.

И нивните претставници сметаат дека доколку бидат прифатени нивните приговори, можно е партијата да добие пратеник дополнително, на штета на ВМРО-ДПМНЕ, којашто според прелиминарните податоци коишто ги објави во понеделникот вечерта ДИК освоила 51 мандат на предвремените парламентарни избори со што остварила тесна победа пред СДСМ со 49 пратенички мандати.

По прес-конференциите на СДСМ и БЕСА во кои ги оспорија изборните резултати од 11-ти декември, пред новинарите претставникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев порача дека меѓународните организации и институции потврдиле дека изборите минале со минимални недоследности, но порача дека со освоените повеќе од 450 илјади гласови неговата партија и „граѓаните нема да дозволат убедливо поразениот Заев да ја украде победата“.