Ранет ловџија кај Ѓавато

На 05.11.2017 година во 23,55 часот во Секторот за внатрешни работи Битола, телефонски се јавил С.Ф.(43), кој пријавил дека во Клиничката Болница во Битола, пренесува повредено лице од огнено оружје.

Од страна на екипа при Секторот за внатрешни работи Битола било констатирано дека С.Ф. околу 13,30 часот заедно со неговиот пријател М.С.(35) отишле на лов, во близина на Ѓавато. По завршувањето со ловот, околу 22,30 часот, двете лица, со возилото се паркирале на паркинг на патот Битола-Ресен и додека биле надвор од возилото С.Ф. му ја дал наполнетата пушка, негова сопственост, на М.С. и се оддалечил од возилото.

Но тогаш слушнал еден истрел, се свртил и го видел М.С. во лежечка положба, зад паркираното возило. С.Ф. му пружил прва помош на повредениот, го ставил во возилото и се упатил кон Клиничката Болница во Битола. Во Клиничката Болница – Битола повреденото лице е примено во Одделението за хирургија и извршена му е хируршка интервенција.