На 11 единици во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски„ –Битола во првиот уписен рок конкурираа 1100 студенти, што е во рамки на проектираниот, константен интерес кај сите високообразoвни институции на УКЛО.
Од вкупниот број на пријавени кандидати, 1000 матуранти конкурирале на матичните единици, другите 10%, се на дисперзираните студии, главно концентрирани на битолските дисперзии.
Според Конкурсот за упис на нови студенти во академската 2017/18г. УКЛО ќе реализира уште два уписни рока и тоа, вториот на 1 и 4 септември, третиот на 14 септември. Во новите уписни рокови може да се запишат кандидати и без државна матура.
УКЛО ја потврдува подготвеноста за новите студенти благодарение на комплетната кадровска и техничка екипираност, како и развиената соработка со опкружувањето што дава дополнителен импулс за успешна едукација и професионални перспективи за студентите.
Според Конкурсот за запишување студенти во прва година на прв циклус студии на УКЛО во академската 2017/2018 година може да се запишат вкупно 4095 од кои 2255 во државна квота, 950 со кофинансирање и 890 вонредни.