Протести пред ДИК

Неколку стотици лица, кои според обележјата најверојатно се приврзаници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во четвртокот вечерта се собраа на протест пред просториите на Државната изборна комисија (ДИК), додека комисијата одлучува за приговорите на СДСМ и веќе одби два.

Масата пред ДИК порачува дека сака да ја спречат „да биде украдена изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Улицата пред ДИК е затворена од полициски кордон.

Собирањето на приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ се случи откако претходно во ДИК со шест гласа „за“ и три „против“ беше прифатен предлогот на претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, потписот на Фатиме Сулејмани да биде даден на вештачење за да се утврди дали таа сакала двапати да гласа на 11-ти декември.

Претставниците на власта тврдат дека станува збор за сценарио на кражба на изборите.