ПОСТАВЕН КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА МУЗЕЈСКИОТ ПРОСТОР ПОСВЕТЕН НА ФРАНЦУСКИТЕ ВОЈНИЦИ ОД ИСТОЧНИОТ ФРОНТ

Државниот секретар за поранешни борци и историски настани, при Министерството за Одбрана на Република Франција г-дин Жан-Марк Тодешини, Градоначалникот на Општина Битола г-дин Владимир Талески, Министерот за Одбрана на Република Македонија г-дин Зоран Јолевски, Амбасадорката на Р.Франција во Р.Македонија г-ѓа Лоренс Оер, Почесниот конзул на Франција г-ѓа Калиопа Кривашија-Стоиловиќ и други почесни конзули и конзули во Република Македонија, денес на француските воени гробишта во Битола, по повод стогодишнината од Првата Светска Војна, им оддадоа почит на загинатите француски војници и поставија камен темелник на музејскиот простор посветен на француските војници од Источниот Фронт.

Подоцна во НУ  Завод и музеј Битола, државниот секретар г-дин Тодешини ја отвори изложбата на фотографии на браќата Манаки, и ја одликува со медал на Легијата на честа г-ѓа Калиопа Кривашија – Стилиновиќ.