Завршува фазата на партерно уредување во централното градско подрачје во Општина Битола, која ја опфати пешачката патека на потегот од поранешна општина до средна стокова и зафаќа површина од 1.200 метри квадратни, со инвестиција од 1.2 милиони денари.
,, Го уредуваме овој простор, кој е дел од еден поголем тендер кој изнесува над 9 милиони денари. Со овој тендер се санирани голем дел од пристапите во училиштата, градинките, парковите, пешачки патеки, тротоари , дел од мостовите и овде е завршната фаза. Сакам да најавам дека од денес со подобрувањето на временските услови за работа, започнуваме и со крпење на улиците. Оваа зима имавме голема разлика во температурите, а со тоа голем дел од нашата патна инфраструктура е уништен и е потребна санација. Фирмата која што го доби тендерот има своја асфалтна база и од денес почнува да работи, така што за десеттина дена максимум, сето она што беше предизвикано како дефект на коловозната структура и тротоарите ќе биде санирано. Со тоа продолжуваме со нашите активности ’’, изјави градоначалникот на Општина Битола д-р. Владимир Талески.