Во организација на Македонското Патриотско Здружение Тодор Александров-денеска беше организирана панихида за македонскиот револуционер Борис Сарафов во црквата св.Пресвета Богордица во Битола.
За ликот и делото на Борис Срафов историчарот Ѓорги Чекутков изјави -Борис Сарафов е еден од најистакнатите македонски револуционери,еден од предводниците на Илинденското востание кој со својата реовлуционрна дејност целсосно му служи на македонското ослободително дело. Бил водач на ВМК Врховен Макеоднси комитет кој додека тој бил председател бил во целосна сорботка и логистика на ТМОРО,по извесен период Сарафов го напушта ВМК и целосно му се посветува на Внатрешната Македоно Одринска Револуционерна организација. Во виорот на Илинденскот востание Борис Сарафов бил член предводник на Востаничкиот штаб на Илинденското востание заедно со Дамјан Груев и Анастас Лозначев во Битолскиот револуционерен округ,каде борбената стихија имала завземено најголем замав.
Борис Сарафов во 1895 година е преводник на Мелничкото востание кое било иницирано од ВМК во тоа време е, преку чести навлегувања на чети во внатрешноста на Македонија, да се предизвика интервенција на Големите сили за исполнување од турска власт на чл. 23 од Берлинскиот договор, со кој што на Македонија и се дава автономија.
4.ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ГО ПОСТАВУВА БОРИС САРАФОВ ЗА ПРЕДЕСЕТАЛЕ НА ВМК
По инсистирање и заложби на Ѓорче Петорв,а и Гоце Делчев Босрис Сарафов е поставен за председател на ВМК,што значи дека Ѓорче Петров му бил најголемата подршка на Сарафов за да стане председател на ВМК,во своите спомени и самиот Срафов вели,Ѓорче беш главен,тој беше Фирмата,а ние Комитетот. Една година подоцна, Сарафов е избран за претседател на Комитетот. Додека тој е претседател, ВМК и давале целосна подршка и логитика на ВМРО во внатрешноста – т.е. ВМК на ВМОРО му обезбедува инструктори, војводи, муниција, оружје и др рече историчарот Ѓорги Чекутков.
Во 1901 година Сарафов како преседател на ВМК го организира убиството на романскиот новинар Стефан Михолеану којшто шири пропаганда и клевети против ВМОРО,по убиството на овај романски новинар кој вршел засилена антимакедонска пропаганда со иснистирање на романските власти бугарската полиција го апси Сарафов. Додека Сарафов е во затвор, во ВМК (што дотогаш е организација што и помага на ВМОРО) се случува преврат Врховниот комитет е превземен од бугарски генерли предовдени од генералот Иван Цончев кој е генерал во бугарската армија. Сарафов, бидејќи во затвор, не може да направи ништо.Додека Сарфов бил во затвор ВМК подпаѓа под целосна конторла на бугарските офицерки кругови.Срафов излегува од затвор и целосно им се посветува на ВМОРО тој заминува низ Европа. Извесен период Борис сарафов крстосува низ еврооските метрополи каде пропагира за македонското ослободително дело,се среќава со иситакнати политичари истакна Чекутков.
За Борис Сарафов особено виско мислење имал и Крсте Петков Мисирков кој наведува дека Сарафов е еден од најголемите македонски револуционери кој правел јасна дистинкција за постоењето на македонската националан компонента и национлана посебност и освен политички пројавувал и национален сепаратизам истакнувајќи дека Македонсците се посебен народ истакна историчарот Чекутков.
САРФАОВ ГИ ПОМАГА ГЕМИЏИИТЕ
Борис Срафов бил еден од главните финасиери на солунските атентароири-гемиџиите тој целсоно ја помагал и му се возгордевал на борбата на макеоднските гемиџии и како што соопштува во своите спомени Павел Шатев-тој вели дека Сарафов им дал 1000 килограми динамит и 10 000 турски лири на гемиџиите за нивните планирани акции.Сите гемиџии имале осбоноголема почит кон Сарафов.Шатев за сарафов-Во нашите очи Борис Сарафов се извишуваше далеку над сите останати водачи од кои никој не би го сторил тоа, што го стори тој – да си го поткопа сопствениот авторитет… За таа негова постапка Сарафов остана благословен од сите нас“.ев за Сарафов.Во вирот на Илинденското Востание Борис сарфов,крстосува низ Битолскиот револуционерн округ како еден од председателите на Востаничкиот штаб заедно со Груев и Лозанчев,тој учествувал во повеќе борби во Битолско,Демирхисарско,Леринско,Костурско други реони во Костурско особена голема подрушка и логистика има дал на четите на Васил Чаакалров.
. По трагичниот крај и епилог на Илинденскот востание во редовите на Организацијата настанала поделба и се позачестена била поларизацијата постоеле и меѓусебни обвинувања за неуспехот на востанието.Особено критични кон Борис Срафов бил јане Сандански и Серскиот округ кои го обвнувале Срафов за неуспехот на востанието,дури било побарано смрттна пресуда за Срафов и Иван Гарванов.Во ови обвинувања во одбрана на Борис Срафов застана Ѓорче Петорв и Пере Тошев.И покрај тоа што најисткатнитие претсанвници на ВМОРО биле против убства и делби посебно Ѓорче Петров кој се стремел за помирување Серскиот округ му изрекол тајно смртна пресуда на Борис Сарафов,Иван Гарванов и Христо Матов.
Убиството На Борис Сарафов
Па така на 28 ноември 1907 година Борис Срафов е убиен од Тодор Паница,кој покано ќе биде еден од најситакните представници на НФП и Буагрската комунситика партија.Покрај Сарафов, Паница ги убил и Иван Гарванов,војводата Михаел Даев,а случајно се спасил Христо Матов кој не дошл на закажаната средба со Тодор Паница.
На погребот на Борис Сарафов присуствувала целата македонска емиграција погребот бил организиран од Македонските братсва во Бугарија,присуствуле голем број на македонски револуционери,војводи на ВМОРО.Ковчегот на Срафов бил покриен со знамиња на Македонските братсва,а на погребот додека се движела илјадната поворкта насекаде се вееле Македонските и Ерменски револуционерни, знамињата на Ерменските револуционери кои беа збратимени со ВМОРО.истакна историчарот Чекутков.
Споменик на Борис Сарафов
Ние Македонците не сме ни Срби, ни Бугари, ами просто Македонци. Ние ги симпатизираме и едните и другите, кој ќе не ослободи, нему ќе му речеме благодарам, но Србите и Бугарите нека не забораваат дека Македонија е само за Македонците.
—Борис Сарафов, 2 септември 1902[5]
Целта на овие панихиди и чествувања е потикнување и заштита на македонскте национлани културни вредности и оддавање на почит на плејадата револуционери кои се бореа за македоснката кауза.
Во програмата на МПЗ Тодор Александров покрај вакви чествувања се предвидени и планинарски маршови,спортски акативности,турнири,хумантиарни акции преку кои ќе се потикнува дружењето и градењето на позитивниот дух меѓу Македонците.