Градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски свечено го отвори петтиот по ред меморијален турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“ кој се одржува во Новаци. Во следните десеттина дена љубителите на мал фудбал ќе можат да ги проследат сите натпревари каде учество ќе земат 23 екипи кои ќе се натпреваруваат во 4 групи. Сите натпревари се одригруваат на новото повеќенаменско игралиште во Новаци.
„Оваа година е петта година по ред како го организираме овој турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“ во чест на нашиот сожител кој загина во конфликтот во 2001 година а е родум од Новаци.Сите фудбалски натпревари ќе се одиграат на повеќенаменско игралиште кое е осветлено со рефлектори а е изградено со средства од Агецијата за млади и спорт на РМ. Општина Новаци го поддржува одржувањето на овој спортски настан кој прерасна во традиционален.“ рече градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски.
„Турнирот како и секоја година така и оваа наиде на голем одзив ,се пријавија 23 екипи кои ќе се натпреваруваат десеттина дена на стадионот во Новаци. Секоја од екипите плати котизација за учество по 4000 денари а тие средства ќе се искористат за организација и за наградите кои ќе ги доделиме. “ велат организаторите.
Градоначалникот кузманоски и Општина Новаци се големи поддржувачи на спортски настани.Неколку години наназад по повод Денот на независноста 8-ми септември организираат меѓународен фудбалски турнир за деца.