Отворен четвртиот меморијален турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“ во Новаци

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски свечено го отвори четвртиот по ред меморијален турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“ кој се одржува во Новаци.На турнирот учество зедоа 23 екипи а овој спортски настан че трае десеттина дена. Сите натпревари се одригруваат на новото повеќенаменско игралиште во Новаци.

„Оваа година е четврта година по ред како го организираме овој турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“ во чест на нашиот сожител кој загина во конфликтот во 2001 година а е родум од Новаци.Сите фудбалски натпревари ќе се одиграат на новото повеќенаменско игралиште кое е осветлено со рефлектори а е изградено со средства од Агецијата за млади и спорт на РМ. Општина Новаци го поддржува одржувањето на овој спортски настан кој годинава се одржува трет пат но ќе се погрижиме истиот да прерасне во традиционален.“ рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

„Турнирот наиде на голем одзив ,се пријавија  23 екипи кои ќе се натпреваруваат половина месец на стадионот во Новаци. Секоја од екипите плати котизација за учество по 4000 денари а тие средства ќе се искористат за организација и за наградите кои ќе ги доделиме. “ велат организаторите.

 

Градоначалникот Котевски и Општина Новаци се големи поддржувачи на спортски настани.Неколку години наназад по повод Денот на независноста 8-ми септември организираат меѓународен фудбалски турнир за деца. Минатата година турнирот се одржа 3 дена а учествуваа околу 700 учесници.