Градоначалникот на општина Лазар котевски и Игор Карадаревиќ директор на манифестацијата „ Македонија во ритамот на Европа“ денеска го потпишаа овој документ со кој ја дефинираа понатамошната соработка и учество на оваа општина. Општина Новаци е еден од учесниците заедно со дваесет општини кои се избрани да бидат дел од оваа манифестација.
„Манифестацијата е наменета за деца од основно ис редно образование. Ние како организатори ќе обезбедиме бесплатна обука за децата за да се припремат за учеството и достојно да ја претстават општина НОваци. Се надеваме дека ќе победи дете од Новаци па догодина да ја организираме манифестацијата тука и општина Новаци да им биде домаќин на дваесеттина евроамбасадори. “ рече Игор Карадаревиќ, директор на манифестацијата „ Македонија во ритамот на Европа“.
Станува збор за дипломатска манифестација поддржана од страна на амбасадорите на Европа и на Европската Унија како и на Министерство за локална самоуправа на РМ и Секретаријат за европски прашања.
„ Многу мие мило што и општина Новаци ќе биде дел од оваа манифестација и што децата од нашата општина ќе добијат можност да бидат учесници. Ние максимално ќе ја поддржиме и ќе направиме се нашите дечиња да бидат меѓу најдобрите. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.
Децата кои ќе ја претставуваат својата општина ќе се претстават со изведба на јазикот на земјата чии амбасадор ќе биде определен за соработка со конкретната општина.Сите трошоци за подготовка на децата за настап на манифестацијата „Македонија во ритамот на Европа“ ќе бидат покриени од страна на организаторите.
„ Ќе бидат вклучени децата од училиштето , тука че се одржуваат пробите и ќе се работи со нив максиомално со нашпа поддршка и со поддршка на организаторите за да можеме да имаме најдобри резултати. “ рече Васко Ристески, директор на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци.
Целта на манифестацијата која ќе се одржи годинава во месец јуни во Скопје а ќе ја пренесува МРТВ е поттикнување, развивање, препознавање и зачувување на младите таленти, промоција на интеркултурализмот, толеранција, рамноправност на полови, почитување на човековите права, различностите, соработка и доживотно учење .