Пешак загинал во сообраќајна несреќа во Прилеп во четвртокот околу 16 часот.
Како што информираат од Јавното обвинителство несреќата се случила кога патничко моторно возило марка „Голф“ управувано од педесет и седумгодишен жител на Прилеп удрило во 61-годишниот пешак.
По несреќата пешакот итно бил префрлен во болницата во Прилеп, каде по кратко време починал.
Увид на местото на настанот извршил дежурен Јавен обвинител и увидна екипа при МВР ПС Прилеп, при што биле обезбедени и подигнати траги.
Исто така, било извршено и алкотестирање на возачот и била издадена наредба за технички преглед на возилото.
Основното јавно обвинителство Прилеп побарало и да биде извршена обдукција врз телото на починатио.