Немаше наредба за приведување на началникот на кумановската полиција, туку само за претрес на неговиот дом, соопшти во среда Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Според соопштението на ОЈО, Цел на претресот беше пронаоѓање траги на кривично дело или предмети важни за кривичната постапка и нивно одземање.
„Одземени се предмети што содржат податоци во писмена форма и предмети што содржат податоци во електронска форма, во врска со кривични дела – Злосторничко здружување од чл.394 и Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од Кривичниот законик, како и други кривични дела за кои се гони по службена должност“, се вели во соопштението. /крај