Одложено судењето на Павле Богоевски за 30 јануари

Се одложи третото судско рочиште против кандидатот за пратеник на СДСМ, Павле Богоевски, кој се товари дека ја уништувал фасадата на министерството за култура при протестите на „шарената револуција“.

Неговиот адвокат, Сашо Дуковски, од личини причини не можел да присуствува на рочиштето, што беше и причина за одлагањето.

На покана на судот, во среда, за првпат се појави и претставник од државното правобранителство, а се појави и претставник од Министерството за култура кој треба да се произнесе за настанатата штета.

Богоевски се товари за нанесување штета на фасадата на Министерството за култура за време на протестите од шарената револуција.

Претходното рочиште се одложи на барање на одбраната, за да го разгледа вештачењето за штетата. Судскиот процес против Богоевски ќе продолжи на 30-ти јануари следната година.