Најпрво од името на советничката група на СДСМ и коалицијата би сакал да ви се заблагодарам за илјадниците отворени врати и приемот кој го имавме во овие 20 дена.
Би сакал на сите да ви порачам дека времето на уцени, притисоци, закани и страв е минато и од 16-ти, од понеделник, Битола ќе дише поинаку. Во Битола ќе има живот за сите, во Битола ќе почне да царува слободата. Во овие денови се обидеа да ве уплашат дека ќе се продава РЕК, дека ќе доѓаат мигранти, дека ќе бркаме од работа каде што ќе стигнеме. Ве уверувам дека такви работи нема да се случуваат.
Сакам да им порачам на сите оние што се вработени во општинската администрација, во комуналните претпријатија, во училиштата што се под надлежност на локалната самоуправа, дека сите оние кои чесно работат и работеле досега ќе останат на своите работни места. Затоа во недела на 15-ти Октомври ве повикуваме на масовно гласање, масовна излезност и заокружување на бројот 19 на двете листи, и за градоначалник, и за совет бидејќи така сакаме да го вратиме животот во Битола, меѓутоа да биде живот за сите а не за поединци.