Јавното обвинитлество ги чека кривичните пријави што ги најави СДСМ за прислушувањето, за потоа да постапувале.
„Кривичните пријави кои беа најавени од страна на претседателот на СДСМ, до овој момент не се доставени во надлежното Основно јавното обвинителство Скопје. Основното јавно обвинителство Скопје ќе ги почека најавените кривични пријави со материјалите , по што ќе постапува“ велат од Обвинителството.
СДСМ во понеделникот обелодени дека повеќе од 20 илјади луѓе биле прислушувани во Македонија во период од неколку години,
Тие најавија кривични пријави против Сашо Мијалков, директор на УБК, Горан Груевски, раководител на Петтата управа на МВР и непознати лица во УБК.
Заев рече дека материјалите што ги поседуваат, докажуваат дека станува збор за масовно и незаконско прислушување од страна на луѓе вработени во безбедносните служби на Република Македонија, по директна наредба на Сашо Мијалков и Никола Груевски.