Се наоѓаме пред офицерскиот дом, еден од најзначајните објекти за овој град, за битолчани и за Општина Битола.
Како советници, во сиот изминат период низ низа расправи од советничката говорница, вклучително и низ низа амандмани алармиравме дека ДПМНЕ треба да се разбуди и треба поинаку да се однесува кон овој објект.
Одржавме низа прес конференции, нашите советници алармираа меѓутоа за жал власта остана глува на нашите повици. Во нивниот обид за продажба одржавме протест во кој што громогласно кажавме НЕ за продажба на овој дом. Како советници чувствуваме должност да го кажеме ова пред завршувањето на нашиот мандат меѓутоа и како идна локална самоуправа да кажеме дека се обврзуваме овој дом да го добие сјајот каков што го заслужува и конечно битолчани да му се радуваат.
Наташа Петровска, координатор на советничка група на СДСМ и коалицијата.