Се наоѓаме на еден од влезовите во општина Битола од потегот Прилеп кон Битола. Сите влезови, вклучително и овој се во очајна состојба како не и доликува на конзулска Битола.
Со помош на централната власт ветуваме дека ќе биди извршена целосна реконструкција односно уредување на сите влезови на Битола, односно на потегот на овој влез од трафостаницата до Лукоил, на влезот од страната на Охрид од Лукоил до Довлеџик. Меѓутоа имајќи во предвид дека ни е во очајна состојба и инфраструктурата во нашиот град, односно улиците, коловозите. Во наредниот период нашата локална самоуправа со одредена динамика ќе ги решава и коловозот и канализацијата и водовод. Динамиката ќе биде следна:
Во 2018 година 22 улици
Во 2019 година 28 улици
Во 2020 година 34 улици
Во 2021 година 36 улици
Битола може да изгледа многу поубаво, Битола може да биде многу поинаква и многу посреќна за сите битолчани. Заедно на 15-ти Октомври битолчани ајде да го направиме првиот чекор за подобар живот во Битола за сите нас.