Нападот во Дортмунд поврзан со исламистички екстремисти

Германската полиција истражува можна исламистичка поврзаност со бомбашкиот напад врз автобусот на фудбалскиот тим Борусија Дортмунд, пренесуваат германските медиуми.

Во близина на местото на нападот е пронајдено писмо во кое е опишан нападот на божиќниот панаѓур во Берлин како и воените оперции во Сирија.

Се уште не јасно дали писмото е оригинално, односно се истражува неговата веродостојност.

Германскиот весник “Зидојче цајтунг“ пренесува делови од писмото, кое почнува со фразата “Во името на Алах“, а потоа споменува употреба на германски авиони “Торнадо“ со коалициските сили кои се борат против Исламска држава. Весникот предупредува дека можно е напаѓачите да го користат писмото за да си поиграат со властите, додека се врши анализата на писмото од страна на експерти.

Според други германски медиуми пак, зад нападот стои антифашистичка група, како и дека во игра е и друго писмо, објавено на антифашистичкиот портал, според кое нападот бил мотивиран од наводната толеранција на клубот за расисти и десничарски фанови.

Инаку, во близина на клубскиот автобус вчера се случија три експлозии додека тој ги превезувал фудбалерите на Борусија од хотелот до стадионот, при што беше повреден шпанскиот репрезентативец марк Бартра.